Португалија: Изгореа 24.000 хектари шума во заштитено подрачје

Сподели со своите пријатели

Шумскиот пожар, кој и денес мобилизираше околу 1.200 пожарникари, уништи околу 24.000 хектари вегетација во природниот парк во планинската област во централна Португалија.

Loading...

Пожарникарите имаат поддршка од 400 возила и се очекува во утринските часови да се приклучат и авиони за ставање под контрола на пожарот до петок, кога се очекува температурата повторно да се зголеми, изјави командантот на Цивилната заштита Андре Фернандеш.

24 лица се повредени во пожарот во природниот резерват Сера да Естрела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  25 загинати откако автобус кој превезувал луѓе на свадба во Индија паднал во провалија

Од понеделник евакуирани се 45 лица.

Изгореле околу 24.000 хектари вегетација, од кои до понеделник 8.000, според Европскиот информативен систем за шумски пожари.

Пожарот избувна на 6 август во околината на Ковиље. Оттогаш беше задржан, но повторно се разгоре во понеделникот. Истрагата за причините за пожарот е во тек.

Од 2020 година, паркот Сера да Естреља е на списокот на Организацијата за образование, култура и наука на ОН (УНЕСКО).