Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки рабти.
Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (над 60 km/h).
Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 41 степен.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време со мала облачност.
Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од 40 километри на час.
Утринската температура ќе се движи околу 17 степени, додека максималната дневна ќе достигне 35 степени целзиусови.
Од страна на УХМР за регионот на Куманово се издадени два портокалови метео аларми, еден за опасност од високи температури, а вториот за силен ветер.
Утре не очекува вистински температурен шок. Ќе имаме сончево време со мала облачност, но ќе продолжи да дува силен ветер кој ќе биде од северен правец и уште посилен и ќе достигне брзина и до 60 километри на час.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 11 степени, а дневниот максимум ќе се спушти на само 25 степени целзиусови.
Температурите ќе останат под 30 степени до викендот.
Никола Ивановски