Порталот и фан страната Кумановски Муабети се номинирани во изборот ”Сајт на годината”

Сподели со своите пријатели

И оваа година, интернет корисниците повторно ќе го изберат најдобриот сајт на годината, како и најдобрите веб сајтови во повеќе категории,  на манифестација која по шести пат се организира од Media Solutions и системот за онлајн реклами KeepAnEye, под покровителство на ИАБ Македонија.

Loading...

Порталот Кумановски Муабети, како и минатата година, повторно е номиниран за избор на најдобар сајт во повеќе категории, и тоа во категорија Забава, Најдобар дизајн, Вести и информации, но и најдобра Фејсбук фан страна.

Ако сметате дека навистина ја заслужуваме вашата доверба, тогаш на Интернет, впишете ја адресата www.sajtnagodinata.mk, внесете ја вашата е – маил адреса, а потоа проверете го вашиот инбокс или спам сандаче и со кликање на линкот, започнете со вашето гласање.

За сите номинирани категории, можете да ни дадете два, шест или десет поени во зависност од тоа како вие не доживувавте во текот на 2015 година.

Секој ваш глас е наша благодарност до вас, а секое ваше кликање на нашиот сајт, потврда дека навистина заслужуваме да бидеме присутни во виртуелниот простор.

Инаку, цел на манифестацијата е да придонесе кон развојот на вебсајтовите во Македонија и да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите, интернет маркетингот и севкупното интернетиздаваштво во Македонија.

Може да гласате на следниот линк и истото трае до 09.12.2015.

Најдобрите веб сајтови за 2015 ќе се прогласат на 14 – ти  декември 2015 година во холот на Македонска опера и балет во Скопје.

Loading...