Порше го повтори легендарниот скок во скијање од 1963 година и направи римејк на познатата Порше фотографија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во 1963 година, австрискиот скијач Егон Цимерман беше фотографиран како скока над Порше 356. Моментот беше совршено овековечен и беше направена фотографија што ќе биде една од најчесто користените за промоција на Порше во следните децении.

Loading...

Порше одлучи да направи нова верзија на фотографијата оваа година. Улогата на храбар скијач кој овој пат ќе го прескокне болидот му беше доверена на Норвежанец.

Аксел Лунд Свиндал е еден од најдобритте скијачи, го обожава Порше, а сега се осмели и да го прескокне Поршето Тајкан кој ќе е паркиран на планински пат помеѓу две високи испакнатини.

“Фотографијата е едноставно совршена”, рече Свиндал.

И, конечно, интересен факт. На снимањето на новата верзија на фотографијата присуствуваа помалиот брат на Егон, Карл Хајнц и внукот Мајкл, кои беа сведоци на создавањето на уште една легендарна фотографија.