Пороен дожд и невреме за денеска најавуваат синоптичарите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и особено на југот ќе биде многу топло. Попладне и во текот на ноќта, а најпрвин во северните делови облачноста ќе се зголеми и на места ќе има пороен дожд со грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град и силен ветер (над 70 км/час).

Услови за појава на дожд ќе има и во ноќните часови.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната од 32 до 40 степени.

Утре се уште ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи претежно попладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а дневните температури ќе бидат за за 5 до 8 степени пониски.

Посвежо ќе биде и во петок, а за викендот температурите ќе се постепен пораст, додаваат од УХМР.

Leave a Reply