Пороен дожд, грмежи и засилен ветер во попладневните часови

Сподели со своите пријатели

Претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и умерен до засилен северен ветер, особено во северните и источните делови, информираат од Управата за хидромтеоролошки работи.

Во вечерните часови локално процесите ќе бидат поинтензивни и изразени во форма на невреме.Минималните температури ќе бидат во интервал од 13 до 22 степени, а највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи од 27 до 36 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денес ќе имам сончево до умерено облачно време во претпладневните часови, но попладне се очекува зголемување на облачнсота и појава на грмежи и интернзивни врнежи од дожд. Ќе дува засилен северен, односно северозападен ветер. Максималната дневна температура ќе се исачи до 28 степени целзиусови. Врнежливо и со грмежи ќе биде и во вечерните часови кога ќе имаме температура на воздугот од 13 степени целзиусови.

Во петок ќе биде променливо облачно, ветровито и доста свежо со локален дожд претпладне. Ќе дува засилен до силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 90 км/час и ќе предизвика значителен пад на температурата на воздухот.

За време на викендот времето ќе биде стабилно и посвежо со умерен до засилен северен ветер.