PornHub поради карантинот ги награди Италијанците

Сподели со своите пријатели

Поради коронавирусот, италијанската влада донесе одлука да ја прогласи целата територија на земјата како „црвена зона“ или да ја стави карантин.

Loading...

Во пресрет на сите италијански граѓани и со цел да придонесе во борбата против коронавирусот, светски познатиот порно сајт Порнхаб им обезбеди на сите Италијанци да имаат бесплатно премиум логирање.

Содржината за возрасни обезбедена од оваа компанија сега е бесплатна за секој во Италија.

Како што е наведено, не е неопходно корисниците да ги внесат своите информации за да ги добијат овие придобивки.

Pornhub, исто така, донира процент од целата заработка на Modelhab на сите локални болници.

– Порнхаб одлучи да ги донира своите приходи од Modelhub во март за да и помогне на Италија да ги надмине итните случаи – стои пораката кога ќе ја отворите оваа страница во Италија.

– За да останете дома во текот на овие недели, ќе можете бесплатно да пристапите до Pornhub Premium цел месец без потреба од кредитна картичка – се наведува од страницата.

Loading...

Оние што не се придржуваат кон карантинот, ќе добијат тужба од страна на државата.

Покрај затворањето на сите дуќани освен маркетите и аптеките, Италија им се заканува на граѓаните кои ќе го прекршат карантинот со правно дејство.

Луѓето кои ќе избегаат од изолацијата без валидна причина може да се соочат со три месеци притвор и/или потенцијална казна од 2.500 евра парична казна.

Заразените граѓани кои свесно го напуштаат карантинот, сепак, можат да бидат обвинети за убиство, ако некој што бил во контакт со нив, почине како резултат на КОВИД-19.

Покрај тоа, постојат и други фактори (време на дијагностицирање, време на контакт) кои ќе бидат земени предвид кога станува збор за обвиненија за убиство поврзано со коронавирус.

На овој начин, Порнхаб им дал уште една причина на Италијанците да останат дома и да не го кршат карантинот.

Leave a Reply