Поразорна од атомската бомба: Објавена тајна снимка од советската Car-бомба (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

И покрај фактот дека бомбата била активирана на четири километри над Северниот остров во арктичкиот архипелаг Нова Земја, ударниот бран избришал сè од површината на островот.

Loading...

Блесокот на експлозијата се гледал од далечина од 965 километри, а топлотниот удар бил во радиус од 250 километри од местото на детонацијата. Гигантската печурка се искачила на скоро 70 километри во височина.

Станувало збор за RDS-220, наречен и Car-бомба. Скоро 60 години откако била активирана, ниту една експлозивна направа не се приближила ниту до нејзината разорна моќ.

Развојот, производството и детонацијата се чуваат строго во тајност, а руската агенција за атомска енергија „Росатом“ сега ја отстрани етикетата на тајност и објави на ЈуТјуб 40-минутно видео со кое се гледа патот на бомбата од почетокот на производството до детонацијата (одбројувањето започнува на 22:20).

Половина послаба од планираното

Советскиот премиер Никита Хрушчов лично наредил производство на бомбата во јули 1961 година.

Хрушчов сакал нуклеарно оружје од 100 мегатони, но инженерите му доставиле бомба која експлодира со моќност од 50 мегатони – еквивалентно на 50 милиони тони ТНТ.

И покрај тоа што била половина послаба од желбата на премиерот, бомбата била незамисливо моќна.

Loading...

Car-бомбата била илјадници пати помоќна од атомските бомби фрлени врз Хирошима и Нагасаки за време на Втората светска војна.

Покрај тоа, таа била повеќе од три пати помоќна од „Castle bravo“, најмоќната атомска бомба произведена од САД. Енергијата ослободена од експлозијата на „Car-бомбата“ била десет пати поголема од енергијата на сите конвенционални експлозиви користени за време на Втората светска војна.

 

https://youtu.be/nbC7BxXtOlo

Leave a Reply