Пораз за КК Куманово од екипата на Кожув

Сподели со своите пријатели

Голем пресврт го одбележа натпреварот помеѓу КК Куманово и КК Кожув што се играше во рамките на домашната кошаркарска лига, а особено во последните пет минути од мечот, при што КК Куманово загуби со резултат 83:80.

Loading...

Постојаното водство во текот на целиот натпревар на играчите на Луковиќ им тргна наопаку кога во последните минути од натпреварот изгубија предност од 16 поени, за да на крајот со одличната игра на гостинската екипа дојде и до израмнување до 78:78.

Последната минута донесе најголем пресврт кога Караџовски бодираше за Куманово, но Нешовиќ 16 секунди пред крајот донесе предност на Кожув со еден поен, а откако кумановци останаа без напад, во слободните фрлања гостите добија уште два поени па натпреварот заврши 83:80.

Костоски беше најуспешен со постигнати 22 поени, Луковиќ со 21 поен и 12 скока веднаш зад него.

Моменталната ситуација за КК Куманово е четврто место на табелата со 10 поени, а следниот натпревар повторно на домашен терен ќе го одиграат на 28-ми овој месец против екипата на Фени Индустри.