Пораст на берзите во Азија: Го следат подемот на Волстрит

Сподели со своите пријатели

Повеќе Азиски берзи се затворени денеска поради Лунарната Нова Година, додека австралискиот и јапонскиот пазар го следат подемот на Волстрит.

Loading...

На токиската берза индексот Никеи утрово порасна за 1,1 отсто, додека цените на акциите во Австралија пораснаа за 0,1 отсто.

Обемот на тргување е скромен бидејќи повеќето берзи во регионот се затворени поради празници, а нема позначајни вести.

Растот на индексот во голема мера беше поттикнат од добивките на Вол Стрит во петокот, кога технолошките акции се зголемија откако Netflix објави подобра од очекуваната квартална заработка, а Alphabet укина 12.000 работни места.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Лидерите на ФЕД очекуберзи ваат уште едно зголемување на основната каматна стапка

И покрај силниот раст во петокот, минатата недела Dow Jones и S&P 500 индексот го забележаа првиот неделен пад оваа година.

Тоа е последица на пораката на мнозинството лидери на ФЕД дека клучните каматни стапки ќе треба да се зголемат над нивото од 5 проценти за да се потисне инфлацијата.

Тоа би било повисоко ниво отколку што очекуваат трговците, имајќи предвид дека пазарот на пари проценува дека крајната каматна стапка, на која ФЕД би го запрел циклусот на покачување, би можела да биде 4,89 отсто.

Инвеститорите се фокусирани и на кварталните деловни резултати на американските банки и компании, кои не се многу импресивни.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Аналитичарите во анкетата на Ројтерс проценуваат дека заработката на компаниите од индексот S&P 500 паднала за 2,9 отсто во четвртиот квартал од минатата година во однос на истиот период претходната година, поради високата инфлација и забавувањето на економскиот раст.

Пред две недели се очекуваше намалување на платите за 1,6 отсто.