Порасна цената на гасот во Европа за 10 отсто по руското признавање на ДНР и ЛНР

Сподели со своите пријатели

Цената на гасот во Европа денеска порасна за повеќе од 10 отсто по признавањето од страна на Русија на независноста на Народните републики Доњецк и Луганск (ДНР и ЛНР), пренесува Тас, повикувајќи се на податоци на лондонската берза ICE.

Loading...

Цената на мартовските фјучерси за гас во холандскиот центар ТТФ достигна околу 935 долари за 1.000 кубни метри, или 80 евра за мегават час.

На 21 февруари рускиот претседател Владимир Путин го призна суверенитетот на ДНР и ЛНР и потпиша договори за пријателство, соработка и взаемна помош со нивните лидери, додава руската агенција.

 

Три сигнали дека претерувате со пиењето кафе