Поранешен вработен во Катастар Куманово ”раздавал” државни парцели

Сподели со своите пријатели

Во рамките на акцијата “Гора”, СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.А. (53) од Куманово (за време на извршување на делата бил вработен во Агенцијата за катастар), М.Н.(55) и Н.Н. (67) од село Буковљане-кумановско, под сомнение дека првопријавениот сторил две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, додека второ и третопријавениот сториле две кривични дела „употреба на исправа на невистинита соджина“ и „пустошење шуми“.

Loading...

Првопријавениот во текот на 2010, 2012 и 2013 година по претходен договор со второ и третопријавените, како и со пет други лица, во Агенцијата за катастар на РМ – Куманово, по службена должност оформил предмет за наводна исправка на техничка грешка и тоа за четири парцели во катастарската општина Буковљане, кои биле во сопственост во РМ и три парцели од истата катастарска општина кои биле со неутврдено право на сопственост.

Истиот без никаков правен основ изготвил потврди во кои внел невистинити податоци за сопственоста на парцелите, а одкако ги заверил со потпис и печат ги спровел во електронскиот систем во Катастарот, префрлајќи ги во имотен лист на петте лица.

Второ и третопријавените иако знаеле дека имотните листови содржат невистинити податоци, во текот на 2014 година ги поднеле како доказ за сопственост, заради добивање на Одобренија за сеча на огревно дрво од две катастарски парцели во вкупна количина од 567,50 м3, за која исечена шума ја оштетиле РМакедонија во износ од 3.972.500 денари.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.