Поранешен писател на говорите на Путин: Постои можност за воен удар во Русија

Сподели со своите пријатели

Поранешниот писател на говорите на Путин и политички аналитичар Абас Гаљамов во интервју за Си-Ен-Ен посочи дека постои можност за воен удар во Русија.

Loading...

Тој е убеден дека Русите ќе бараат некого да обвинат за значителните воени загуби на фронтот во Украина и за економските проблеми предизвикани од западните санкции.

„Руската економија е во колапс. Војната е изгубена. Се повеќе мртви се враќаат во Русија, па Русите ќе наидат на повеќе тешкотии и ќе се обидат да најдат објаснување зошто се случува ова, гледајќи наоколу во политичките процеси и тие ќе си одговорат: „Па, тоа е затоа што со нашата земја управува стар тиранин, стар диктатор“, рече Гаљамов, мислејќи на рускиот претседател Владимир Путин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Словачкиот премиер тврди дека се обиделе да му го саботираат патувањето во Москва

„Тој навистина може да ги откаже изборите“

„Во овој момент мислам дека воен удар ќе стане возможен“, додаде тој.

Тој смета дека може да се случи воен удар во следните 12 месеци.

„Кога политичката ситуација ќе се промени и кога омразениот непопуларен претседател е на чело на државата, а војната е навистина непопуларна, а за тоа треба да се пролее крв, во тој момент државен удар станува реална можност“, продолжи тој.

Тој претпоставува дека Путин би можел да ги откаже претседателските избори закажани за март 2024 година.

„Судејќи според неговите постапки, кога непотребно ја ескалира ситуацијата поради нешто, тој навистина би можел да ги откаже изборите. Без победа над Украина, ќе се соочи со тешкотии. На Русите не им треба ако не е силен. Тој навистина може да изјави вонредна состојба и откажување на изборите“, заклучи Гаљамов.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин и Си разговараа во Кремљ во пресрет на Денот на победата

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.