Маорскиот (te reo Māori) е полинезиски јазик и мајчин јазик на староседелското население на Нов Зеланд – Маорите. Јазикот е еден од трите официјални јазика во државата, прогласен како таков во 1987 година. Маорскиот е дел од групата на источнополинезиски јазици и е сроден со куковоостровскиот маорски, туамотскиот и тахитскиот јазик.
Според истражувањето од 2001 година, бројот на возрасни луѓето кои течно го зборуваат јазикот се движи на околу 9% од вкупното маорско население, илиу 29.000 возрасни лица.
Oд вкупно 4 милиони жители на Нов Зеланд, само околу 1,000,000 од нив се од полинезиско потекло. Од нив пак, само околу 15% умеат да го зборуваат Маорскиот јазик на нивните предци. Овој јазик ги има следните слични проблеми како и ирскиот келтски јазик:
-
во последниов век се претворил во малцински јазик иако бил главен пред тоа
-
се зборува во островска држава со мал број на жители
-
англискиот јазик сѐ повеќе е застапен во секојдневниот живот
-
се смета дека овој јазик изумира