07.12.2016 14:58

„Порака наша“ одбележа 10 години постоење (фото)


Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години, Порака наша денеска слави 10 години од формирањето. По тој повод корисниците на центарот, во народниот театар ја изведоа претставата Ленче Кумановче која заеднички ја подготвиле со средношколците од Перо Наков.

 

loading...

 

Свеченоста беше отворена со прикажување на видео преку кое присутните имаа можност да се запознаат со формирањето  на центарот. Мартина Костовска, психолог во Порака наша истакна дека во изминатиов период биле реализирани бројни активности преку кои штитениците се стекнале со различни вештини.

Постојано се трудиме во текот на месечните активности да вметнеме некои економски, социјални активности за да после нив почнеме да работиме и на повисоко ниво, во таа смисла сакам да го споменам и проектот кој тече моментално, тоа е за самоодредување и самозастапување кој што го работиме во соработка со организација од Скопје. Со него едноставно се качуваме една скала повисоко веќе тие ги совладале основните вештини како што се секојдневните обврски, хигиена, подготвување на ручек, цртање, сега одиме на повисоко ниво – посочи таа.

Во дневниот центар пет дена во неделата престојуваат 21 корисник. За нив се грижи стручен тим од дефектолог, социјален работник, педагок и психолог. На овие лица им помагаат и неколку волонтери. Тие истакнаа дека лицата со попреченост со задоволство работат со нив.

Јас во дневниот центар Порака наша доаѓам од прилика околу 3 месеци можам да кажам дека стекнав убаво искуство секој ден со корисниците имаме одредени работилници изработуваме работи како што можете да видите овие тука се изложба и се дел од истите – вели Сања Додевска, волонтер од Порака наша.

Чувството е прекрасно знаеш дека помагаш, тие се многу отворени сакаат да се дружат и кога ќе видат дека ти си отворен кон нив кога ќе влезеш во центарот се полниш со некоја позитивна енергија која ти го разубавува денот – нагласи Владана Ранчиќ, волонтер.

На свеченоста во театарот, надлежните од центарот доделија признанија на централните и локалните власти, донатори од бизнис заедницата и други соработници. Како израз на благодарност за поддршката и придонесот за остварување на човековите права на лицата со  интелектуална попреченост, признание доби и Телевизија Плус.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments