„Порака Наша Куманово“- Пандемијата предизивик за лицата со попреченост

Сподели со своите пријатели

Пандемијата Ковид-19 им се закани на сите членови на општеството, но одредени групи граѓани, како што се лицата со интелектуална попреченост се особено ранливи и изложени на опасност, велат едукаторите од Дневниот центар за лица со попреченост „Порака Наша“ од Куманово.

Loading...

Социјалните сервисни служби сè уште се затворени, а лицата со умерена и тешка попреченост тешко се снаоѓаат во новата нормалност. Информациите за јавното здравје, носењето маска, држењето дистанца тешко може да ги применуваат овие лица кои се навикнати на рутина и кои имаат секојдневна потреба од поддршка и помош од други лица. Корисниците имаат потреба од 24-часовна поддршка, која вообичаено ја пружаат институциите, членовите на семејството, платени асистенти. Сето ова е недостапно или делумно достапно изминативе месеци. Освен, лицата со попреченост сега и членовите на нивните семејства се во тешка состојба, од една страна треба да се грижат за самите себе и останатите членови на семејството, од друга страна го немаат ни оној систем на поддршка што го нуди центарот поради природата на вирусот.

 

 

– Фактот дека постои невидлив непријател од кој сите треба да се заштитиме, некои лица со интелектуална попреченост не можат лесно да ја разберат причината за ненадејното нарушување во нивната нормална рутина и активности и потребата во голема мерка да се ограничат во нивните домови. Ова може да доведе до значителна анксиозност, вознемиреност и влошување на менталното здравје што од друга страна пак е дополнителен стрес за членовите на семејството и старателите кои ги поддржуваат, вели, едукаторот во „Порака Наша“, Фросина Симоновска, инаку м-р по специјална едукација и рехабилитација.

Едукаторот и психологот, Мартина Костовска, вели дека на корисниците им недостига времето кое го поминувале во дневниот центар.

– Во овој период, контактирајќи со семејствата и слушајќи се со корисниците преку телефон или социјални мрежи, и покрај неизвесноста и стравот, увидовме уште нешто – вистинското значење на нивните зборови дека за на нив, центарот е втор дом. Тоа е таа сребрена нишка во сивилото над нас поради која чекаме сите да се вратиме назад во нашето удобно катче. Претпазливо, секако, вели Косовска.

Loading...

 

 

Едукаторите од кумановскиот дневен центар се обидуваат да ги следат искуствата на нивните колеги од Европа. Комуникацијата со корисниците се одвива по телефон и преку социјалните мрежи. Дневниот центар нуди психосоцијална поддршка за корисниците и членовите на семејствата со цел полесно надминување на одредени стравови кои постојат кај сите нас. Се прават обиди да се задржи наученото.

И овде во државата и во Куманово организациите кои пружаат поддршка или говорат во име на лицата со интелектуална попреченост, како и многу застапници, уште на почетокот на кризата почнаа со дистрибуција на релевантни информации во лесно разбирлива форма и продолжуваат со напорната работа на обезбедување сервиси и ресурси дури и со логистички предизвици.

 

 

Loading...

Светски и европски организации постојано се во тек со нови развојни методи и алатки за набљудување и адресирање на важноста на здравствениот и згрижувачи фактор кој настана дополнително со појавата на пандемијата, меѓутоа и со посветување на внимание на зголемен ризик на насилство и злоупотреба на лицата со попреченост во време кога се во поголем ризик од изложување.

 

 

– Внимавање на здравствениот и социо-економскиот фактор и последици, компликации, обезбедување системи за поддршка кога негувателите или едукаторите не можат да имаат директен контакт, набљудување и обезбедување планови за континуирано следење на асистенција за време на болничко лекување, карантин или социјалното дистанцирање, се едни од клучните проблеми на кои се работи и со кои се било соочуваме генерално сите. Но, кога социјалното дистанцирање е една од препораките, оние кои веќе се најмногу изолирани, ќе бидат оние врз кои пандемијата ќе има најголемо влијание. Заштита на ранливите групи, особено лицата со интелектуална попреченост и оние кои им пружаат грижа – треба да бидат приоритет во планирање какви било идни пандемии, велат двете едукаторки.

„Порака Наша“ е еден од најстарите дневни центри во кој секојдневно беа згрижени 21 корисник со попреченост над 18 години. За нив се грижеше стручен тим, дефектолози, психолози, социјални работници.

 

Loading...

 

Александра Максимовска

Leave a Reply