Граѓаните ширум Германија се плашат од високите цени на енергенсите и од она што ги очекува оваа зима, а нивниот политичар вчера им порача дека едноставно се премногу разгалени.
Поранешниот министер за финансии, Волфганг Шојбле (ЦДУ), одговори на стравувањата и апелите на Германците за помош во врска со енергетската криза.
– Премногу барате. Наместо само да кукате, можете едноставно да облечете џемпер кога е студено во зима – рекол Шојбле, пренесува Феникс.
Ден претходно Владата свика седница на која заедно со експертска комисија беше презентиран планот за горната граница на цените на гасот.
Тие предлагаат речиси 95 милијарди евра помош за ублажување на високите трошоци поради војната во Украина, предвидуваат еднократна финансиска помош за граѓаните во декември, како и субвенционирање на намалената основна квота за гас од април 2023 година.
Сепак, Волфганг Шојбле не се согласува со тој план.
– Ако им сугерираме на луѓето дека се е неограничено, ние прекумерно ја искористуваме државата. За жал, многумина би поверувале дека државата е нешто што само треба да им пружи се повеќе на своите граѓани. Еден вид супермаркет во кој граѓаните се ловци на пазарење, но тоа не е правилно и не е одржливо – изјави тој за Билд.
Поради руската инвазија на Украина, Германците се принудени да штедат, а голема е веројатноста дека ќе ги чека тешка зима во енергетската криза.
Поради воведените санкции, Русија ја прекина испораката на гас, што следствено доведе до зголемување на цената на енергијата.
Повеќе од 250 милијарди евра мора да бидат достапни во федералниот буџет за да се платат сопирачките за цената на гасот и три пакети за помош.
Во овој контекст, Шојбле повика на преиспитување.
Само домаќинствата со ниски приходи треба да добијат помош од пакетот, рече тој.
На прашањето дали Германците се разгалени, тој рече:
– Секако, сите сме. И јас, но важно е сите сега да разберат дека работите не можат да продолжат вака засекогаш. Германците ќе мора повторно да работат повеќе – изјави тој за Билд.
Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.