Поради високите водостои УХМР издаде предупредување за неколку региони

Сподели со своите пријатели

Управата за хидрометеоролошки работи издаде предупредување за неколку региони и сливни подрачја во Република Македонија поради врнежите од дожд во изминатото деноноќие, како и најавите за нови врнежи со почетокот на новата работна недела.

Loading...

Врнежите кои паднаа изминативе 12 часа на територијата на РМ, просторно гледано паднаа главно на западниот и северниот дел од државата. Овие врнежи количински не се големи, но знаејќи дека почвите се влажни со високи коефициенти би требало сливните подрачја да се третираат со внимание, особено оние помалите со малите водотеци и сувосолици – велат од УХМР.

Хидролошките информативни модели даваат насоки за претпазливост во делот на сливните подрачја на Сатеска река, Црн Дрим, Радика, горните текови на Треска, Кичевска и Беличка река, како и за Кичевскиот, Охридско-преспанскиот, Крушевскиот, Демирхисарскиот, Мавровскиот, Гостиварскиот и Битолскиот Регион во делови на планинскиот масив Баба.

Според синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи се очекува и понатаму облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.