Поради високите температури забрана за движење на тешки товарни возила низ државата

Сподели со своите пријатели

Од 01.07.2016 година (сабота) ќе отпочне со примена времениот режим на сообраќај во летниот период кој ќе трае до 31.08 на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Временските интервали се следни:

петок : 17:00 – 22:00 часот,

сабота : 09:00 – 18:00 часот и

недела : 09:00 – 22:00 часот

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА на магистрален пат А2:

Од 01.07.2017 година (сабота) ќе отпочне со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на  магистрален пат А2 делница: Скопје-Охрид-Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите.

Временските интервали се следни:

петок  : 15:00 – 22:00 часот,

сабота : 07:00 – 12:00  и  18:00 – 24:00 часот и

недела : 07:00 – 22:00 часот.