Поради уривањето на браната, проруските власти прогласија вонредна состојба во дел од Херсон

Сподели со своите пријатели

Проруските власти прогласија вонредна состојба во делот на Херсонската област во Украина што е под контрола на Москва, поради уривањето на хидроелектричната брана Каховка, пренесува ТАСС.

Loading...

Претходно беше прогласена вонредна состојба во областа Нова Каховка, која беше окупирана од Русија на почетокот на нападот врз Украина.

Нивото на водата во Нова Каховка утрово падна за половина метар во однос на врвот кога надмина 11 метри, соопшти градоначалникот Владимир Леонтиев.

Околу 2.700 куќи во 15 населени места во областа Херсон, каде живеат речиси 22.000 луѓе, се поплавени по уривањето на хидроелектричната брана Каховка, а речиси 1.300 луѓе се евакуирани, соопштија итните служби на проруските власти.

Браната Каховка беше уништена во вторникот, водата од акумулацијата се излеа и го поплави околниот простор.

Руските власти тврдат дека Украина ја саботирала браната Каховка со цел да го сврти вниманието од неуспешната контраофанзива и да го прекине водоснабдувањето на Крим.

Киев, од друга страна, тврди дека руските сили извршиле воено злосторство и ја кревале во воздух хидроелектричната брана Каховка одвнатре.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...