Поради унгарското вето се размислува за нов план за финансирање на Украина

Сподели со своите пријатели

Европската унија го разгледува планот Б за финансиска помош за Украина, пишува Фајненшл тајмс.

Loading...

Откако унгарскиот претседател Виктор Орбан го блокираше доделувањето на 50 милијарди евра за Киев во следните четири години, започна потрагата по опции за заобиколување на унгарското вето, се наведува во написот.

Според новиот план, Европската комисија ќе може да му позајми на Киев 20 милијарди евра, додека членките на ЕУ ќе дадат гаранции за оваа сума.

Забележано е дека ЕУ користела слична шема во 2020 година, кога Европската комисија им дала на европските земји заем од 100 милијарди евра за поддршка за време на пандемијата, пренесува Спутник.