Поради слатки со канабис завршиле во болница: Децата повраќале и паѓале во несвест (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Четири деца завршија во болница во Велика Британија откако изеле слатки за кои мислеле дека содржат канабис, но тие не би требало да имаат долгорочни последици, соопшти денеска полицијата.

Loading...

Децата биле пронајдени како неконтролирано повраќаат и се онесвестуваат, а потоа се освестиле во саботата попладне во Паунд Лејн во Епсон, објави Гардијан во изјава од полицијата на Сари.

Три момчиња – од кои две се на 12, а третото на 13 години – и едно девојче (12), биле пренесени во локалната болница и може да се сметаат за среќни што не добиле сериозни последици по јадењето, додаде полицијата.

За нив се вели дека добиле „сериозна реакција на слатки за кои мислеле дека содржат канабис“.

Друго момче (12) било пренесено во болница на инсистирање на семејството, бидејќи се верува дека јадело од слатките.

 

https://youtu.be/fWDJWKmlHrk

 

Loading...

Изворот на слатките сè уште се истражува, а полицијата нема претстава како би можеле да изгледаат, иако извештаите од петокот навечер укажуваат дека е можно да јаделе бонбони од зелен желе во форма на круг.

Детективот Лиза Бекли изјави дека децата биле „неверојатно среќни што не добиле многу потешки симптоми“.

– Овој исход во најголем дел се должи на брзите постапки на двајца студенти по медицина кои случајно биле во близина и им пружиле помош во рана фаза. Брзата помош и персоналот на болницата реагираа брзо, па децата веднаш примаа терапија – рече Бежли.

Таа додаде дека случајот се испитува и полицијата сака да знае кој им ги дал слатките.

„Секоја информација што ќе ни помогне да го идентификуваме изворот на слатките е многу корисна“, рече детективот.

 

Се претпоставува дека децата добиле слатки на блиското игралиште.

Loading...

На родителите во Епсон им било кажано што побрзо да разговараат со своите деца за опасностите од храната што содржи канабис.

Се вели дека таквата храна е за „јадење“, но е нелегална и не е регулирана со закон во Велика Британија.

 

Leave a Reply