Поради сиромаштија самохран татко од Куманово принуден да се раздели од шесте деца (видео)

Сподели со своите пријатели

Четириесет и едногодишен кумановец Роберт Маличевиќ е самохран родител на шест деца од осум до 18-годишна возраст кој едвај сврзува крај со крај.

Никогаш не помислил дека ќе дојде време да се оддели од своите чеда кои последните осум месеци ги чува сам, под туќ кров и без ничија помош.

Социјалната помош од 3.200 денари едвај е доволна само за храна, а поради долговите единствената соба која ја имаат на располагање е без струја веќе шест месеци.

Одвај излегувам на крај, дали да се купи леб, дали да се купи свеќа без струја сме, децата сакаат во топла соба, студено е, оваа зима ја претеравме многу тешко, од сите страни е студено, сакам да ми се помогне – вели Роберт Маличевиќ за Канал 5 Телевизија.

Маличевиќ собира пластични шишиња, но и од тоа не може да заработи повеќе од 800 денари месечно, бидејќи многу луѓе преживуваат токму од препродажбата на пластика.

Повремено сезонски се вработува, но од друга страна ја ризикува безбедноста на своите деца бидејќи ги остава дома да се грижат самите за себе. Две од нив се со интелектуална попреченост, а ниту едно не оди на училиште.

Куќата не е моја, на вујко е живеам во една соба, сите спиеме на еден душек со едно ќебе се покриваме, би порачал доколку може државата да и помогне околу децата да ме финансира, да ми помогне за децата, за храна, обувки, или ако може јас сум без куќа немам каде да одам бидејќи ми рече вујко ми летоска да се иселам оттука, а јас каде да одам со децата немам ни куќа – вели Маличевиќ за Канал 5 Телевизија.

Роберт со тешко срце ја раскажа својата тажна животна приказна, а сега на потег се хуманите граѓани, невладините организации и институциите.

 

Loading...
Прилог на Канал 5 Телевизија и дописникот Снежа Петковска

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.