Поради силен циклон во Мјанмар прекината комуникацијата, стотици повредени

Сподели со своите пријатели

Рано утринава спасувачите во Мјанмар евакуираа околу 1.000 луѓе заробени долж западниот брег на земјата по минувањето на моќниот циклон кој повреди стотици луѓе и ја прекина комуникацијата.

Loading...

Соопштено е дека има штета и дека загинале најмалку пет лица, но последиците од циклонот сѐ уште не се целосно познати.

Циклонот Мока во саботата попладне падна на копното во државата Ракин во Мјанмар.

Околу 700 луѓе се повредени во силните налети на 20.000 луѓе кои се засолниле во посилни објекти на повисоките места во Ситве, како што се верски објекти, пагоди и училишта, изјави локален функционер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Тој рече дека мештаните се засолниле на покривите и на повисоките катови и дека ветерот и плимните бранови на невремето спречиле итно спасување.

Според него, вчера по 16 часот невремето малку ослабнало но водата не се повлекла, а повеќето луѓе цела ноќ останале на покривите или повисоките катови од куќите, а дувал ветер цела ноќ.

Водата и денеска пред пладне е висока околу 1,5 метар во поплавените подрачја, но спасувачките екипи ги спасуваат луѓето бидејќи ветрот се смирил.

Службеникот ги повика граѓанските организации и властите да испратат помош и да помогнат во евакуацијата на населението.

Loading...

Локалните медиуми и спасувачките групи известија за најмалку пет мртви во Мјанмар. Неколку повредени се пријавени во соседен Бангладеш, кој беше поштеден од очекуваниот директен удар на циклонот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Кога циклонот Мока падна на копно во Мјанмар во близина на Ситве, дуваше силен ветер со брзина од 209 километри на час, соопшти мјанмарската метеоролошка служба.

До утринава неговата сила е намалена и повеќе не се смета за силен циклон, а постепено слабее додека се движи по копно, соопшти индиската метеоролошка служба.

Властите на државата Ракин прогласија состојба на катастрофа во 17 области.

Циклонот Мока во голема мера го поштеди градот Кокс Базар во Бангладеш за кој првично се предвидуваше дека ќе биде на неговиот пат.

Властите евакуираа стотици илјади луѓе пред неговото пристигнување. Ова се случи пред циклонот да се префрли на исток.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни