Поради седум кражби приведени двајца тинејџери од Куманово

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.М.(19) и седумнаесетгодишен малолетник, двајцата од Куманово, и С.Г.(19) од Скопје,поради постоење основано сомнение дека сториле седум кривични дела „тешка кражба“, од кои четири во оби, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Пријавените во временскиот период од 30.08.2015 година до 24.10.2015 година, со употреба на физичка сила и подесен алат извршиле три тешки кражби од паркирани товарни возила, при што одзеле 60 литри дизел гориво и 15 литри бензин стекнувајќи се со противправна имотна корист од 5.000 денари, а на ист начин се обиделе да одземат акумулатор и гориво од паркирани две товарни и две патнички возила.