Поради пропуст на лекарите, девет години во стомакот носел хирушки ножици

Сподели со своите пријатели

Универзитетската клиничка болница Моста ќе исплати околу 20.000 конвертабилни марки на 41-годишен А.П., плус камата и трошоци за судска постапка, поради грешката која била направена при операција во 2003 година. Судот донел ваква одлука откако пациентот во утробата носел хирушки ножици кои лекарите ги заборавиле при операцијата.

Трпел огромни болки, а по рутиснакта операција на чир на желудик никој не знаел што е причината за болките.

– Чесо имав болки во стомакот поради кои и лежев во болница. Прв пат почувствував посилни болки година дена по првата оепрација кога повторно морав во болница. Меѓутоа, таму ми рекоа дека имам воспаление на панкреасот. Ме лекуваа од тоа и болките беа ублажени. Но, практично сите овие девет години постојано имав мали проблеми со стомакот. Ми се случуваше да ме боли каде и да се допрам. Меѓутоа, на ниту еден преглед не видоа ножици затоа што тие во суштина не се гледаат на ултразвукот – рекол пациентот.

Причината на неговит ечести здравствени проблеми лекарите ја откриле во 2012 година и тоа на преглед поврзан со желудникот.

– Имав неподнослива константна кашлица, од која никако не можев да се решам. На крајот отидов на снимање на белите дробови и доживеат шок. На снимката се гледаа ножици долги 12 сантиметри. Тоа се всушност ножици кои на операциите се користат за спречување на крварењето, мислам дека стручното име е „pean“. Тие малку ги подигнале белите дробови од едната страна и тоа ми рпедизвикало постојано кашлање – раскажал мажот.

Сите негови наводи подоцна ги потврдил и судот и тоа откако во истата болница му бил направен уште еден оперативен зафат.

По детланиот преглед било утврдено дека едното белодробно крило било зголемено, а снимката покажала дека во телото се наоѓаат ножици и тоа во дебелото црево.

Цели девет години низ неговата утроба патувале, првин низ тенкото црвено, па низ дебелото каде и се заглавиле. Сето тоа предизвикало големи болки кои мажот ги трпел низ годините. Ножиците биле отстранети, но оставиле последици, по лекувањето кое било долготрајно, со вештачење било утврдено дека неговите животни способности се намалиле за 25%.

Пресутата која ја донел судот е првостепена, а следната ќе ја донесе конечната одлука.