Древниот турски град Хасанкиф наскоро би можел буквално да потоне во заборав. И покрај меѓународните апели и повици да се спречи проектот, гратчето би можело да биде потопено со вода од огромен резервоар изграден зад браната, пишува РТ.
За неколку месеци, гратчето на брегот на реката Тигар можеби нема да биде тука, односно ќе биде, но преплавено со вода. Причината е браната Илису, дел од Јужносеверниот Анадолија проект, благодарение на кој би требало да се произведуваат 1.200 мегават часови струја, а добивката за турксата економија на годишно ниво ќе изнесува 260 милиони долари.
Интересни факти за норвешкото гратче во кое шест месеци нема сонце (ФОТО)
Градот стар 12.000 години, познат и како „жив музеј“, се наоѓа на брегот на реката Тигар во турската провинција Батман. Неолитските пештери, скалите во карактеристична боја на мед и минерети до 15 век, кои ги красат живописните улици на Хасанкиф на Тигар, наскоро ќе исчезнат под вода.
Полнењето на резервоари со капацитет од повеќ еод 10 милијарди кубици, би требало да започне оваа недела. Се проценува дека растечкото ниво на водата би можело да го загрози Хасанкиф и блиските села веќе во октомври, а во април следната година, населените места би можеле да бидат потопени. Надлежните на стотици луѓе им имаат ветено нови домови.
75 организации апелирале до Анкара да се откаже
Анкара се обидела да го наполни резервоарот уште минатиот јуни, но се откажале поради протестот од Ирак, кој се потпира на Тигар како главен извор на вода за пиење.
Мрачни тајни на проколнатото гратче во Европа: За шест години 79 самоубиства (ФОТО+ВИДЕО)
Дури 75 различни граѓански организации од Турција и Ирак, ја повикале Анкара да го поништи проектот.
Освен што сериозно ќе се загрози снабдевањето со вода во поголемите ирачки градови, ќе се наштети на културното наследство на земјата, а во исто време ќе има и „социо-економски или други преднсоти за поголемиот дел од луѓето во погодената област“.
Независните истржаувачи наведуваат дека Хасанкиф и долината на Тигар се подеднакво историски важни како Ефес, Троја и Кападокија и дека исполнуваат девет од 10 криетриуми на УНЕСКО листата за заштита.
фото: Printscreen Youtube/ BBC Turk