Поради поставување бина од вечерва се затвора улицата „Гоце Делчев“

Сподели со своите пријатели

Централното градско подрачје на Куманово од вечерва ќе биде под изменет сообраќаен режим.

Loading...

– На 08.11,09.11. и 10.11. (петок, сабота и недела) ќе биде сменет режимот на сообраќајот на улицата „Гоце Делчев”, поточно на дел од улицата покрај Градскиот плоштад, со пренасочување заради поставување на монтажна бина – сцена за изведување на културно уметничка програма – концерти на естрадни уметници, а по повод прославувањето на денот на ослободување на град Куманово, 11ти Ноември, информираат од Општина Куманово.

Монтажната бина – сцена ќе биде монтирана на 07.11.2019 година (четврток) во вечерните часови, а сообраќајот ќе биде нормализиран во утринските часови на 11ти Ноември (понеделник).

Leave a Reply