Поради пандемијата намалено производството на пластика во светот

Сподели со своите пријатели

Само по трет пат од почетокот на индустриската ера (Втора светска војна), годишното производство на пластика опадна за 0,3 проценти во 2020 година, поради светската здравствена криза, објави во четвртокот Европската асоцијација на производители на пластика (PlasticsEurope).

Loading...

Во Европа, каде минатата година 55 милиони тони пластика „излегоа“ од фабриките, падот е 5,1 процент и е малку поизразен во Франција, каде производството беше намалено за 11 проценти во 2020 година, соопшти здружението.

 

 

Автомобилската индустрија, која беше принудена да го прекине производството поради пандемијата, е најпогодениот индустриски сектор и бележи најголем пад на потрошувачката на пластика од 18,1 процент во Европа.

„Со произведени 367 милиони тони пластика во 2020 година во споредба со 368 милиони произведени во 2019 година, ова е трет глобален пад од повоениот период, по оној од 1973 година во времето на првиот нафтен шок и падот на производството во 2008 година за време на глобалната финансиска криза “, изјави извршниот директор на PlasticsEurope, Ерик Квенет, за AFP.

Но, во Кина, и покрај пандемијата, производството продолжи да се зголемува, со раст од еден процент забележан минатата година, според здружението.

Loading...

Кина, која произведе четвртина од светската пластика во 2010 година, сега обезбедува само една третина по двојно зголемување на производството од 64 милиони тони во 2010 година на 117 милиони тони минатата година.

 

 

Европа (27 земји-членки на ЕУ, заедно со Велика Британија, Норвешка и Швајцарија) произвеле 21 процент пластика или 56 милиони тони во 2010 година, а денес произведува 15 проценти или околу 55 милиони тони.

Иако, во однос на квантитетот, Северна Америка го зголеми производството во последните десет години – 70 милиони тони во 2020 година во споредба со 53 милиони тони во 2010 година, благодарение на новите полимерни единици чија конкурентност се базира на експлоатација на гас од шкрилци, тој континент сè уште успева да одржи стабилно место на скалата на производители со 19 проценти од светското производство во 2020 година во споредба со 20 проценти пред 10 години.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *