Грчката православна црква забрани венчавки на странците на Родос. Таа одлука доаѓа како реакција на фотографија која ја објавил англиски пар кој се венчал на овој грчки остров. На фотографијата невестата е клекната пред младоженецот и орално го задоволува, а тоа се случува во близина на црквата, пишува „Дејли мејл“.
Метју Лун (27) и Карли (34) од Бирмингем сега се соочуваат и со тужба. Тие навеле дека сакале така да се фотографираат за да го покажат својот единствен смисол за хумор во невестинскиот албум.