Поради операција за зголемување на градите, завршила како билка и умирала цела година

Сподели со своите пријатели

Истакнат пластичен хирург од Колорадо е обвинет за убиство од небрежност и попречување на правдата, по смртта на осумнаесетгодишната пациентка по име Емалин Нѓен.

Loading...

Д-р Џефри Ким требало да ги зголеми градите на 18-годишната девојка, но работите тргнале наопаку штом ја ставиле под анестезија.

Хирургот не го ни започнал засекот кога Емалин доживеала ненадејно влошување на нејзината состојба, а потоа и срцева смрт.

 

 

Сепак, хирургот Ким одлучил да не повика брза помош пет часа.

Како резултат на тоа, Нѓенова останала во вегетативна состојба, лекарите ѝ дијагностицирале мозочна смрт, а таа никогаш повеќе не станала и не прозборела.

Loading...

Но, од фаталната посета на неговата канцеларија до нејзината смрт биле потребни 14 месеци.

Девојчето било ставено на апарати за вештачко одржување на виталните функции, а нејзиното семејство се соочило со огромни болнички сметки.

„Фактите на овој случај се длабоко вознемирувачки. Исклучително ретко се случува лекар да се соочи со обвинение за убиство од небрежност поврзано со грижата за пациентите, а последен таков случај беше лекар кој му препишал лекови на Мајкл Џексон“, изјави адвокатот Лу Шапиро.

 

 

Докторот останал без работна дозвола, а тој и неговата сестра се должни по приватна тужба да му платат на семејството на починатата тинејџерка по милион долари.

Нејзиното семејство се огласи по покренувањето обвинение против лекарот.

Loading...

„Нема пари да го заменат нашето прекрасно девојче. Емалин повеќе не е со нас, а нашата единствена желба е повторно да ја видиме жива, здрава и среќна. Сè уште сме во жалост”, изјавила нејзината мајка Лин Фам.