Поради одрони во прекин сообраќајот кон Пелинце

Сподели со своите пријатели

Поради одрони, сообраќајот кон Граничниот премин Пелинце е во прекин од вчеравечер од 21:30 часот, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Loading...

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег има на Попова Шапка, но без прекин во сообраќајот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Leave a Reply