Поради нивното богатство и моќ ги мразат сите жени

Сподели со своите пријатели

Многу успешни жени, било да станува збор за политичарки, актерки, старлети или модни дизајнерки се соочуваат со критики, па дури и отворена омраза.

Loading...

Тој феномен уште повеќе е зголемен со појавата на социјалните мрежи. Интернетот е преплавен од професионални „хејтери“, а во тоа често водат жените.

За омразата кон демоктратската кандидатка на американските претседателски избори во 2016, Хилари Клинтон се напишани книги, а меѓу омразените лица од малите и големите екрани се и Гвинет Плтроу, Кристен Стјуарт, Карла Бруни, Амал Аламудин Клуни, како и Ким Кардашијан и Мајли Сајрус.

AP_hillary_clinton_jt_150725_16x9_992

И покрај постојаниот пораст на популарноста на Хилари Клинтотн, според анкетите на американското јавно мислење, сепак за многу Американки таа останува една од најантипатичните личности на политичката сцена.

Во својата книга „ My Life On The Road“ познатата американска новинарка и активистка Глорија Сајнем се обидува да го објасни непријателството кон Хилари. Таа смета дека многу нејзини сонароднички едностано не можеле да и простат на поранешната прва дама на Америка што му простила на сопругот Бил неверство и што бракот го спасила од чист интерес.

Во Холивуд, за антипатијата кон Ен Хатавеј, отворено се зборува и во телевизиски емисии, додека нејзината колешка Гвинет Палтроу се наоѓа на самиот врв на листата најомразени актерки кои ги составил магазинот „Стар“.

Gvinet-Partlou-foto-AP24sata.rs_

Loading...

Некои ѕвезди, како што е Ким Кардашијан, на жените не им се допаѓа поради својата нападна убавина и хиперсексуалноста.

Другите, пак, затоа што постојано се намрштени иако животот им пружил се, како Викторија Бекам и Кристен Стјуарт.

Kim Kardashian Paper magazine cover

Истражувањето на професорот Џојс Бененсон од Универзитетот Харвард покажало дека жените се склони кон омраза кон жените за кои сметаат дека им се надредени, но дека немаат никакви проблеми да соработуваат со оние со кои се на исто професионално ниво.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.