Поради недоразбирање со мештаните застана изградбата на фекален колектор во село Речица (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска беше во посета на селото Речица, каде деновиве отпочнува изградбата на фекален колектор во должина од 3.524 метри.

 

Loading...

DSC_0326

 

Проектот го финансира Европската банка за обнова и развој во вредност од 24,7 милиони денари и за истиот веќе четири години се води постапка за започнување, поради спрегата со централната власт.

Локалната самоуправа изработи проект, ревизија, ја прати комплетно експропријацијата и фирмата „Жикол“ изведувач на овој проект ја започнавме работата, меѓутоа имаме на неколку позиции поради летниот период проблем со месното население во однос на трасата, ширината на влегување и на некој начин сме тука да ги решиме тие проблеми. Денеска конкретно отпочнатата е работата, меѓутоа е застаната поради тие недоразбирања – вели Дамјановски.

DSC_0318

 

Тендерска постапка во редност од 1,7 милиони евра ќе се спроведе преку ЈП „Водовод“ во наредниот период за да се постават далечински мерачи, протокомери и дефектомери.

Овој проект е во должина од 1.500 метри, 400 илјаиди евра е вреднсота на проектот, се надевам дека ќе се надмине овој проблем што го имаме со месното население, ќе отпочнеме со комплетна изведба и се надевам дека до есенскиот период ќе биде завршен – вели Дамјановски.

DSC_0317

 

Адаптиран и ревидиран е и проектот за селото Тромеѓа, како што денес истакна Дамјановски, во наредниот период ќе се заврши и втората фаза од истиот.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”big” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...