Поради маглата видливоста во Куманово, Скопје и Тетово до 100 метри

Сподели со своите пријатели

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози, а појава на магла има на неколку патни правци низ државата со што е намалена видливоста, стои во извештајот на Авто-мото Сојузот на Македонија.

Видливост до 100 метри според нивните информации забележана е во Куманово, Скопје и Тетово, каде се препорачува исклучително внимателно возење.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Исто така ги потсетуваат возачите дека законската обврска за задолжителна зимска опрема која стапи на сила на 15-ти ноември се уште важи и ќе биде активна до 15-ти март.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.