Поради густата магла АМСМ препорачува внимателно возење на одредени патни правци

Сподели со своите пријатели

Според извештајот кој Авто-  Мото Сојузот на Македонија го испрати точно напладне, сообраќајот на сите државни  патишта се одвива тековно без забрани и застои, по претежно суви коловози, освен на осојничавите места.

Намалена видливост поради магла со видливост од 10 до 30 метри Дебар -Глобочица, Дебар – с. Жировница. Намалена видливост поради магла со видливост од 100 до 150 метри има  кај  Петровец, Неготино, Демир Капија.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М. Каменица –  Делчево, Виница – Берово, Гостивар – крак Маврово, Маврово –  Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово -Велес.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, додаваат од АМСМ.

На учесниците во сообраќајот им препорачуваат внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.