Поради една жена, прекршен е строгиот ватикански протокол! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Поради калуѓерката и блиска пријателка на папата Франциск, беше прекршен строгиот протокол.

Loading...

Имено, верниците кои доаѓаат да се збогуваат со Светиот Отец мора да стигнат до одредена граница која можат да ја преминат само кардинали, епископи и свештеници.

Но, на Џеневјев Жанингрос, која била пријателка на папата повеќе од 40 години, ѝ беше дозволено да се приближи до ковчегот во базиликата „Свети Петар“.

Камерите ја фатија 81-годишната француско-аргентинска калуѓерка Женевјев Жанингрос на првиот ден од молитвата за папата Франциск како се приближува кон оградената област за да се помоли пред ковчегот на покојниот папа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се очекува Бајден да присуствува на погребот на папата Франциск

На трогателните снимки од базиликата, сестра Џеневјев е прикажана како службеник за протокол ја води до гробот и ѝ е дозволено да стои многу блиску до ковчегот.

 

 

Loading...

Потоа, се гледа како го покрива лицето со рацете и плаче, збогувајќи се со својот близок пријател за последен пат.

И покрај прекршувањето на протоколот, ниту еден припадник на обезбедувањето не интервенираше, дозволувајќи му на блискиот пријател на Франциск интимен момент на збогување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто папата Франциск не ја посетил својата родна Аргентина 12 години?

Во јули, Папата лично ја посети Жанингрос во Остија, Рим, за да ѝ оддаде признание за нејзината долгогодишна хуманитарна работа, пишува Дејли Меил.

Таа и папата Франциск се пријатели повеќе од 40 години, а се запознале кога тој бил кардинал Хорхе Марио Берголјо, надбискуп на Буенос Аирес.

Нивната врска е зајакната со заедничка посветеност на најранливите и најранетите од аргентинската диктатура.

Сестра Џеневјев, од редот на Малите сестри на Исус, го посветила речиси целиот свој живот на помагање на најранливите луѓе, особено трансродовите жени, во областа Остија.

Секоја среда, калуѓерката носеше групи посетители на панаѓур, бездомници и трансродови жени пред општата аудиенција во Ватикан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ватикан: Над 128.000 луѓе досега му оддадоа почит на папата во базиликата „Свети Петар“

Франциск не само што ги прими, туку ги покани и на ручек и им понуди финансиска поддршка.

Loading...