Поради дождот – обиколницата во понеделник отворена за сообраќај

Сподели со своите пријатели

Како што информира Автомото Сојузот на Македонија, во име на продукциската куќа “CHIC FILMS” и МАНУФАКТУРА ПРОДУКЦИЈА, согласно со временската прогноза по која се најавува дожд, АМСМ известува дека  обиколницата околу Скопје во понеделник (21.09.2015 година) повторно ќе биде ставена во употреба на  граѓаните на Република Македонија.

Loading...

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.