Поради бегалската криза во Германија: 75 илјади азиланти од Балкан ќе бидат вратени дома

Сподели со своите пријатели

Германија очекува да одбие дури до 75.000 барања за азил поднесени оваа година од страна на мигранти кои главно доаѓаат од регионот на Југоисточна Европа, за да се фокусира на бегалците од војните што ги зафатија Сирија и Ирак.

Loading...

Магазинот Дер Шпигел денес објави дека од Германија досега се депортирани повеќе од 10.000 странци оваа година, и тоа претежно од Србија и Македонија, и се работи за број на депортирања како за цела 2014 година.

Германија очекува рекорден прилив на околу 800.000 бегалци и емигранти оваа година, четири пати поголем од нивото од минатата година. Со релативно либерални закони за азил и привилегии, Германија е најголем прифатен центар на луѓето кои бегаат од војните на Блискиот Исток како  и на економски мигранти од југоисточна Европа.

Шефот на Федералната агенција за миграции и бегалци, Манфред Шмит, изјави за Шпигел дека германските власти ќе одлучуваат за повеќе од 75.000 барања за азил поднесени од мигранти од земјите од Западен Балкан до крајот на 2015 година, и дека речиси сите од нив ќе бидат одбиени.

Канцеларот Ангела Меркел изјави во саботата дека Германија може да се справи со рекорден број на бегалци оваа година без зголемување на даноците или загрозување на балансираниот буџет.

Коалицијата на Меркел очекува да се договорат за серија мерки во неделата, вклучувајќи сечење црвена лента за да се олесни изградбата на засолништа за азил, забрзување на процедурите за азил и зголемување на средствата за сојузните држави и градови.

На дневен ред ќе биде и проширување на листата на земји кои се сметаат за безбедни – односно одбивање од правото за барање азил на лица од Косово, Албанија и Црна Гора. Меѓу земјите кои веќе сметаат за безбедни се Србија, Македонија и Босна и Херцеговина.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.