Поради бакнеж меѓу два женски лика, цртан филм забранет во 14 земји

Сподели со своите пријатели

Компанијата Walt Disney не успеа да добие дозвола за прикажување на новиот филм на Pixar „Lightyear“ во 14 земји од Блискиот Исток и Азија поради „истополов бакнеж“, а прашање е дали ќе се прикажува и во Кина.

Loading...

Продуцентката на филмот „Lightyear“ изјави за Ројтерс дека властите во Кина побарале сечење на одредени сцени, што Дизни одби да го направи, а таа претпоставува дека филмот нема да се прикажува ниту таму.

„Lightyear“ е продолжение на прославената франшиза на Pixar „Toy Story“.

Последниот филм ги следи авантурите на познатиот Buzz Lightyear, но е забранет во различни земји од Блискиот Исток, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од Марс хеликоптер на НАСА испрати последна порака до Земјата

Наводно, одлуката е поврзана со сцената на истополовиот бакнеж.

Имено, блискиот пријател на Баз, Хоторн се ожени со друга жена, а една сцена вклучува нивен краток бакнеж.

Обединетите Арапски Емирати соопштија дека врската на двојката ги прекршила стандардите за медиумска содржина во таа земја.

Хомосексуалноста се смета за криминал во многу земји од Блискиот Исток.

Loading...

Дизни не добил одговор од кинеските власти дали ќе го дозволи филмот во кино, изјави продуцентката на „Lightyear“ Галин Сусман. Но, таа рече дека режисерите нема да го променат филмот.

Кина во минатото отфрлаше други прикажувања на хомосексуалноста на екранот.

„Ние нема да прекинеме ништо, особено нешто толку важно како љубовната и инспиративната врска што Баз покажува дека му недостига поради одлуките што ги носи, па затоа нема да се прекине“, рече Сусман.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МАЛКУ Е БЛЕД: Донела леш во банка за да ѝ потпише за кредит (ВИДЕО)

Кина не е пазар „направи или скрши“ за Pixar, рече еден извор од филмската индустрија. Само три отсто од заработката на благајните за Toy Story 4, која заработи повеќе од 1 милијарда долари, дојде од Кина.

Lightyear треба да се појави во кината во САД и Канада во петок.