Поплави и свлечишта во Руанда: Најмалку 55 лица загинаа

Сподели со своите пријатели

Обилни врнежи предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во западна Руанда, при што загинаа најмалку 55 луѓе.

Loading...

Спасувачите се обидуваат да им помогнат на повредените и заробените во нивните домови.

„Цела ноќ врнеше силен дожд. Загубивме многу животи, многу семејства. Загинаа околу 55 луѓе, а да не зборуваме за оние кои беа повредени. Се обидуваме да спасиме што е можно повеќе луѓе“, изјави Франсоа Хабитегеко, гувернер на Западната провинција.

Областите Нгорореро, Рубаву, Нјабиху, Руциро и Каронги биле најтешко погодени.

Хабитегеко рече дека вчера околу 18 часот почнал да врне и дека реката Себеја се излеала од коритото.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

„Толјата веќе беше натопена поради дождот што паѓаше претходните денови, што предизвика одрони“, рече тој.