Поплавените подрачја под закана од епидемии и зарази

Сподели со своите пријатели

Кај настраданите од поплавените подрачја, медицинските тимови започнале да регистрираат цревни и кожни заболувања, а купишта со отпад се закануваат овие делови од скопско да станат епицентар на епидемии и зарази.

Поради недостиг од хигиенски средства, меѓу населението на село Стајковци била регистрирана и шуга, а најмногу на удар биле малите деца, за што зборува и фактот дека четири од нив биле хоспитализирани на Иинфективната клиника.

Анализите мокажале дека водата во попалвените подрачја е исправна и може да се користи и за пиење, а медицинските екипи апелираат жените, децата, бремените и хронично болни под итно да бидат евакуирани од подрачјата за да не бидат заразени со некоја инфекција.

Веќе е започната дезинфекција на пдорачјата, а денес градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски со претставници на локалната самоуправа ќе заминат во Сингелиќ каде ќе однесат средства за дезинфекција како помош од градот Куманово.

фото: Либертас.мк