Попладне услови за појава на невреме

Сподели со своите пријатели

Во претпладневните часови денес времето ќе биде сончево и топло со мал до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Позастапени процесите ќе бидат во крајните источни делови. Минималните температури ќе се движат од 13 сдо 20, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 28 до 36 степени целзиусови. УВ индексот ќе биде значително висок со вредно 9.

Во Куманово и околината денес ќе имаме слично време, односно сончево претпладне и услови за нестабилност со грмежи и пороен дожд во попладвнените часови. Максималната дневна температура ќе го достигне 31от степен, а во текот на ноќта истата ќе се спушти до 17 степени и врнежите и грмежите се уште е бидат застапени.

Од недела до вторник ќе преовладува стабилно време со слаб до умерен, а во понеделник повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде во благо опаѓање.