Во текот на денешниот ден на некои места се очекуваат локални поројни врнежи од дожд, проследени со ветер и во вид на невреме, велат синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи.
Loading...
– Можна е појава на слевање и течење на вода во дел од градските урбани средини поради неможност за нејзино одведување преку атмосферската канализација, предупредуваат од УХМР.
Локално, како што се вели, е можно брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците, покрај кои се посочува претпазливо движење.
Инаку, вчера силно невреме го зафати кумановскиот регион што пак нанесе штети на дел од земјоделските површини и предизвика излевање на вода по улиците во градот.
Никола Ивановски