Шефот на дипломатијата на ЕУ, Јосеф Борељ, потврди дека попладнево свикал вонреден состанок на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ, на кој треба да се донесе одлука за санкции поради активностите на Русија против Украина.
Средбата ќе се одржи во Париз, каде што шефовите на дипломатиите на ЕУ веќе се на министерскиот состанок со индо-пацифичкиот регион.
„Ќе донесеме политичка одлука за европскиот одговор и тој одговор ќе биде во форма на санкции. Министрите ќе одлучат за тоа врз основа на мојот предлог“, рече Борељ.
Претходно, амбасадорите на земјите-членки во Брисел го усогласија текстот, што Борељ очекува министрите едногласно да го прифатат.
„Утрото го усогласуваме текстот, а попладне ќе донесеме одлука за санкции. Денес нема да ги донесеме сите одговори, но брзо ќе усвоиме итни одговори“, рече Борељ.
Јосеп Борељ оцени дека влегувањето на руските војници во Домбас „не е целосна инвазија“, туку е „влегување на украинска територија“.