Попишани над милион граѓани, пописот влегува во финална фаза

Сподели со своите пријатели

Пописот на населението и објектите 2021 се одвива во најдобар ред и согласно планираниот интензитет и досега се попишани над милион граѓани.

Loading...

Пописот е во 16-тиот ден од предвидените 26 дена пописни активности и треба да заврши до 30 септември.

Премиерот Зоран Заев, упати честитка за постигнатата бројка од милион попишани граѓани.

– Милион граѓани ја завршија својата обврска и се попишаа. Милион причини нè водат во финалната фаза од најзначајната државна и статистичка операција што ја чекавме цели 20 години. Успешниот попис е гаранција за сигурна македонска иднина, објави вчера на Фејсбук премиерот Заев.

Благодарност до попишувачите, кои работат на терен, упати и министерот за правда Бојан Маричиќ, посочувајчи дека влегуваме во последната фаза од пописот.

-Над милион попишани граѓани. Одлични вести од Државниот завод за статистика. Влегуваме во последната фаза од пописот кој успешно се спроведува после 20 години!, напиша во објава на Фејсбук, Маричиќ.

Државниот завод за статистика, вчера објави дека до 15 часот биле попишани 1.000.034 лица.

Можноста за самопопишување на лица во странство, досега ја искористиле – 193.370 лица.

Loading...