Пообилни врнежи во вториот дел од неделава

Сподели со своите пријатели

Во крајните источни и западни делови претежно ведро, а во останатите облачно. По котлините има појава на магла која е поизразена во Полошката Котлина, Пелагонија и во југоисточниот дел од земјава. Во овие делови видливоста е намалена од 50 до 200м.

Loading...

Како што додаваат од УХМР, во текот на денот времето ќе биде претежно облачно, сончеви периоди ќе има во крајните западни и источни делови. По котлините ќе има појава на магла, која по одделни котлини ќе се задржи во текот на целиот ден со променлив интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата на воздухот ќе достигне од 1 до 10 степени.

Во Куманово и околината ќе имаме облачно време со максимална дневна температура до 5 степени целзиусови.

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег на пониските места, а на повисоките места и на планините од снег. Во втората половина од следната недела врнежите се очекува бидат по обилни.

Leave a Reply