Стивен Мнучин, американскиот министер за финансии, рече дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп ќе ја провери понудата на Оракл (Oracle Corp.) за купување на кинеската апликација TikTok – што на тој начин ќе стане сопственост на компанијата со седиште во САД.
Мнучин за телевизијата CNBC изјави дека американската влада има целосна доверба во „Мајкрософт“ и „Оракл“ – што ТикТок ги има предвид како потенцијални купувачи, пренесува Гласот на Америка.
Администрацијата на Трамп му даде рок на 20 септември на ByteDance, кинеската компанија сопственик на апликацијата TikTok, да постигне договор за продажба или затворање на операциите во САД. На ова претходеше наредба од претседателот Доналд Трамп во август за забрана за влез во САД на ТикТок и Ве Чет, апликација за пораки.
Сепак, и покрај загриженоста за ТикТок, бројот на неговите корисници во САД се зголемува.
Според американската компанија Верисон, бројот на нејзини корисници е зголемен за повеќе од триста милиони од март досега.
Две американски компании – „Мајкрософт“ и „Оракл“ (Оракл Корп) – се најсериозно заинтересирани за преземање на „ТикТок“ од кинескиот „БајтДенс“.
Microsoft, во соработка со Walmart, достави понуда до ByteDance за купување на TikTok. Во изјавата на понудувачот се вели дека понудата до TikTok ќе биде од корист за корисниците на апликацијата – истовремено заштитувајќи ги интересите на националната безбедност.
„За да се постигне ова, потребно е да се постигнат највисоки стандарди за безбедност, приватност, безбедност на интернет и спротивставување на дезинформациите“, рече Мајкрософт.
Друг потенцијален купувач е група инвеститори предводени од Oracle. Таа е една од компаниите во Силиконската долина чии врвни менаџери собираа средства за изборната кампања на Доналд Трамп пред претседателските избори во ноември.
Њујорк Тајмс во неделата објави дека кинескиот ByteDance ја одбил понудата на Мајкрософт и дека кинеската компанија објавила дека Оракл ќе биде нејзин партнер во технологијата.
Условите на договорот за спогодување се непознати.
Судбината на ТикТок зависи од тоа како ќе реагира на роковите утврдени од администрацијата на Трамп.
Во последниве месеци, апликацијата стана центар на напнатост во односите меѓу САД и Кина – бидејќи американската администрација го обвини кинескиот сопственик на „ТикТок“ дека соработувал со кинеските власти. „ТикТок“ ги отфрли обвинувањата.