Пониски цени на гасот поради полните магацини и убавото време

Сподели со своите пријатели

Енергетскиот експерт Миодраг Капор денеска изјави дека цените на гасот на европските берзи паднале поради тоа што европските складишта за гас се речиси полни, како и поради помалата потрошувачка поради топлото време во Европа.

Loading...

„Зборуваме за моменталните спот цени на природниот гас, европските складишта за гас во моментов се доста полни, околу 94 проценти. Дури и да сакаат, европските земји веќе не можат да примаат гас во нивните магацини и затоа сега имаме, на пример, 60 танкери кои чекаат пред брегот на Шпанија за да истоварат гас, бидејќи немаат каде“, рече Капор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проруски сепаратистички регион: Демонстранти насилно го окупираа парламентот, најавија рушење на владата

Тој додаде дека станува збор за количините на гас кои биле нарачани претходно.

Капор изјави дека без разлика што сега имаме поевтин гас на европските берзи, цените на фјучерсите на гасот покажуваат дека тие повторно ќе поскапат.

Како што рече, гасот ќе поскапи особено во текот на наредната зима и веројатно ќе ги достигне цените што ги имавме до неодамна, а тоа е околу 250 евра за мегават час, со рекорд од околу 340 евра.

Капор не очекува дека ќе има големо поскапување на бензинот во декември и јануари, ако се земат предвид сите моментални околности.

Цената на гасот во Европа падна за повеќе од една третина во октомври во споредба со претходниот месец, на околу 1.246 долари за 1.000 кубни метри, се вели во извештајот на лондонската берза ICE за движењата на цените за ноемвриските и декемвриските фјучерс договори и пресметки на агенцијата Тас с.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три европски земји им делат брошури на граѓаните во случај на војна и неочекувани кризи

Цената на фјучерсите на гасот на последниот ден од тргувањето во септември беше околу 1.884 долари за 1.000 метри кубни, а на крајот од тргувањето на 31 октомври беше 1.246 долари, што е пад од 34 отсто во однос на претходниот месец.

Loading...

Просечната цена на гасот во Европа во октомври беше околу 1.382 долари за 1.000 кубни метри, а во септември 2.090 долари.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.