Помпео за укинувањето на визите и двојното оданочување со Хрватска

Сподели со своите пријатели

Хрватските граѓани наскоро ќе можат да патуваат во САД без визи, најави денеска во Дубровник американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Loading...

Помпео за агенцијата Хина рече дека тоа ќе се случи „во следните месеци“ и изрази надеж дека договорот за безвизен режим со Хрватска ќе биде потпишан „многу скоро“.

Тој најави дека договорот за избегнување на двојно оданочување меѓу САД и Хрватска може да се реши наскоро со цел дополнително „зајакнување на економската соработка меѓу двете земји“.

Помпео оцени дека односите меѓу двете земји се силни и оти американската страна сака да биде сигурна дека „секогаш кога ќе се појави можност за американска компанија да инвестира во Хрватска или Хрватска во САД, ништо не стои на патот“.

Инвестициската клима е исто така важна, а Помпео смета дека таа е „доста добра“.

Американскиот државен секретар забележа дека кинеските компании кои доаѓаат во овие простори се третираат поинаку од европските или американските, што, како што рече, не помага, туку ги обесхрабрува луѓето да го вложуваат својот капитал во Хрватска.

Сепак, тој рече дека е оптимист и оти работите во таа област ќе се подобрат.

Тој рече дека овие теми веќе биле разгледани со хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман, a се сретна и со премиерот Андреј Пленковиќ.

Loading...

Помпео е највисок функционер на САД, кој, по доаѓањето на Доналд Трамп во Белата куќа, пристигна во еднодневна посета на Хрватска.

Од високи американски функционери, Хилари Клинтон последен пат ја посети Хрватска како шефица на дипломатијата во 2012 година.

Leave a Reply